Со мечот помеѓу репрезентациите на Холандија и Данска, започнуваат мечевите во “групата на смртта“.
Селекторот на “портокаловите“ Барт Ван Марвијк ја прифаќа фаворитската улога напоменувајќи дека првиот меч е мошне важен за понатамошниот тек на турнирот.
На спортивната страна данскиот селектор Олсен, “жали“ што нема на располагање таква машинерија како портокаловата.
– Тие се фаворити и нема никаков сомнеж околу тоа. Имаат квалитетни фудбалери на сите позиции, а и нивте алтернативи се страшни. Тие велат дека се освен освојување на трофејот ќе биде огромно разочарување. Ние од друга страна не може да го кажеме тоа. Ни доколку ја минеме оваа група може да кажеме дека веќе сме победници – рече Олсен.
Натпреварот се игра на стадионот на Металист од 18 часот, ќе го води словенскиот арбитар Дамир Скомина.