На програмата на Евробаскетот се преостанатите четири натпревари од осминафиналето по кои ќе се знаат сите селекции во четвртфиналето.


Пласман меѓу најдобрите осум изборија репрезентациите на Латвија, Грција, Шпаниј и Франција.

Двојки : Хрватска – Чешка (12ч), Србија – Финска (14:30ч), Израел – Италија (18:30ч), Литванија – Грузија (21ч).

Резултати : Латвија – Словенија 73-66, Грција – Белгија 75-54, Шпанија – Полска 80-66, Франција – Турција 76-53.


Ohridnews