Европското првенство во фудбал, денеска, продолжува со полна натпреварувачка програма од три мечеви.

Вчера, случувањата со Кристијан Ериксен, кој колабираше на терен малку ги поремети фудбалски вљубеници и јавност, но денеска се враќа фокусот и вниманието кон натпреварите.

Дополнителен мотив, денеска ќе биде дебито на Македонија, која на првиот официјален натпревар на ЕП ќе ги одмери силите со Австрија. Мечот се игра во 18 часот.

Претходно не мегдан ќе излезат Англија – Хрватска (15ч), а во 21 часот ќе се сретнат Холандија – Украина.

  • Двојки:

Група Д: Англија – Хрватска (15ч)

Група Ц: Австрија – Македонија (18ч), Холандија – Украина (21ч)

OhridNews