Домаќинот Полска на отварањето на ЕП ремизираше со Грција играјќи 1-1 додека Русија убедливо триумфираше со 4-1 над Чешка.
– Притисокот над фудбалерите и мене полека се губи. На првиот меч осеќав дека над мене имам 30-40 милиони луѓе. Натпреварот со Русија е како и сите други, во 1996 не совладаа па нека останат на тоа – истакна селекторот Шмуда.
Селекторот на Русија, Дик Адвокат нема проблеми со повредени и казнети фудбалери. Од таборот на “зборнајата“ најавуваат победнички поход над домашната селекција.
– Добивме еден натпревар, а Европското само што започна. Тактиката и составот не го менуваме, атмосферата е добра и одиме на трите бода – потенцираше Адвокат.