Вицепрвакот од Олимписките игри во Лондон, селекцијата на Црна Гора славеше триумф 28-26 во дерби средбата со Унгарија во првиот кург од втората прелиминарна група и ја задржа лидерската позиција.

Црногорките лесно можеше да се случи да станат вистински трагичари на мечот со репрезентација на Унгарија откако испуштија предност од 7 голови предност (21-14).

Во последните минути од натпреварот репрезентативките на Црна Гора се консолидираа и со головите на Булатовиќ и Радичевиќ остварија вредна победа.

Резултати : Шпанија – Романиј 26-31, Унгарија – Црна Гора 26-28, Германија – Русија 26-26.

Табела : Црна Гора 6 бодови, Унгарија 4, Романиј 3, Шпанија 2, Русија 2, Германија 1.

Мх.П.