Играчот за врска на англиската репрезентација Стивен Џерард ја исклучи
можноста за прекин на репрезентативната кариера по Европското првенство
во Полска и Украина.

Можам да разберам дека со оглед на моите години луѓето почнуваат да се
прашуваат дали ќе престанам да играм за репрезентацијата и ќе се
концентрирам само на Ливерпул, но јас не ги гледам работите така
“,
изјави за Дејли Мирор 31 годишниот Џерард.

Тој додаде дека обожава да игра за англиската репрезентација, исто онака како и за Ливерпул.

Ако по Еврото селекторот рече дека сум играл добро и дека сака да ме
задржи, дека може да ме заштити и да имам улога во играта во иднина, јас
ќе продолжам со Англија
“, заклучи Џерард.