Репрезентацијата на Словенија ја совлада Грција во една од дерби средбите од второто коло во осминафиналната Ф група на Европското првенство во кошарка. Домаќинот на шампионатот славеше со 73:65, иако во еден момент имаше и предност повисока од 20 поени. Грците кои губеа во текот на целиот натпревар се разбудија во последната четвртина но немаа сили за сензација.
Во другите две средби од групата Шпанија ја совлада Финска 82:56, а Хрватска беше подобра од Италија со 76:68.
На програмата на ЕП денеска се натпреварите од трeтото, последно коло во Е групата, во кое се среќаваат: Латвија – Белорусија, Литванија – Украина и Србија – Франција.
OhridNews