Македонската ракометна репрезентација со пораз 29-21 (12-8) од актуелниот првак и домаќин Данска го започна Европското првенство.
Херој на домаќините беше голманот Лендин, кој со 19-ет интервенции ги доведе во очај македонските ракометари. Избраниците на македонскиот селектор Ивица Обрван имаа повремени блесоци, но никако неможеа да им се доближат на европските прваци кои ги прокнижија првите бодови во групата А.
„Фалангата“ поправен натпревар има вторник против селекцијата на Чешка, која претрпе убедлив пораз од Австрија во премиерниот натпревар од А групата.
Мх.П.












