Репрезентацијата на Македонија со убедлив пораз од Шпанија ги стартуваше мечевите од главната фаза на ЕП, но многу веројатно го изгуби капитенот Кирил Лазаров кој се повреди во 11-та минута од средбата во Вараждин.

Фатален за десниот мускул (ложа) на Лазаров беше доскокот после асистенцијата за Гоце Георгиевски кој изнуди пенал. Лазаров со поткривнување го напушти теренот, а потоа воопшто не се врати.

Деталните прегледи кои капитенот ќе ги направи во Загреб ќе покажат каква е и колку е сериозна повредата. Македонија се уште има изгледни шанси за пласман во полуфиналето, но ќе мора да ги добие мечевите со Чешка и Данска.

OhridNews