Без победник 1-1 заврши премиерата од 14-то Европско првенство помеѓу Полска и Грција. Во меч со два црвени картони по еден на двете страни, нереализиран пенал селекциите заслужено ги поделија бодовите.


Воведот од натпреварот им припадна на полјаците кои имаа неколку изгледни прилики за погодок.  Од “рака“ тоа му појде на најопасниот фудбалер на “белите орли“ Левандовски во 17-та минута кој со глава го совлада грчкиот голман Халкијас по нафрлувањето на Блажиковски.


Полска ја контролираше ситуацијата на теренот, ја имаше топката во своите нозе а шансите пред голот на грците се редеа. Дефанзивецот на “плаво белите“ Папастополус драстично ја отежна работата, откако за девет минути заработи два жолти картони автоматски црвен.


Наместо домаќините да го дотолчат противникот, тие уплашени од можноста во вториот дел се повлекоа. И со фудбалер помалку Грција успеа да го израмни резултатот, а стрелец на голот беше нововлезениот Салпингидис.

Во 71-та минута силите на теренот се израмнаа. Голманот на Полска, Шчезни заработи црвен картон по стартот над Самарас. Карагунис капитенски ја презеде одговорноста но “џокер“ на полјаците беше резервениот голман Титон кој го одбрани пеналот и донесе реми за својата селекција.

Во второто коло од Групата А, Грција ќе се сретне со Чешка додека Полска победа ќе брка против Русија.

Мх.П.