Репрезентацијата на Данска во втората рунда од Европското првенство ја забележа првата победа совладувајќи ја Франција 28-27.

Наредниот противник на Македонија во групата Б, Данска брзо се созеде од шок поразот против Шведска и како што го загубија мечот со нив го добија натпреварот со Франција.

По седум погодоци во победничкиот состав постигнаа Норгаард и Бургаард додека најефикасни во репрезентацијата на Франција беа Баудоуин и Камто Нјитам.

Во последното коло селекцијата на Македонија ќе се сретне со Данска додека групата ќе се комплетира со мечот Франција – Шведска.

Мх.П.