Светскиот ракометен првак Шпанија во втората рунда ја забележа втората победа совладувајќи ја селекцијата на Норвешка 27-25.
Во вториот натпревар од групата Б репрезентациите на Унгарија и Исланд ги поделија бодовите ремизирајќи 27-27.
Во третата рунда Норвешка и Унгарија ќе решеваат за третиот патник во втората фаза додека Шпанија и Исланд ќе се борат за првата позиција.
Резултати :Шпанија – Норвешка 27-25, Унгарија – Исланд 27-27
Табела : Шпанија 4, Исланд 3, Унгарија 1, Норвешка 0
Мх.П.