Првопласираниот во групата Д, Англија заедно со Италија на Европското првенство допатуваа како фаворити од втор план. Таквиот развој му одговара на двете селекции, поради намалениот притисок од јавноста за нивни успех на ова ЕП.
– Англија е многу јака репрезентација, во мечот ние мора да влеземе без страв. Англија е организирана селекција, тоа можам да го кажам по гледањето на сите натпревари кои ги одиграа на ЕП. Ќе наметнат високо темпо на игра, ќе сакаат да играат со топка, а наша работа ќе биде да им возвратиме – потенцираше селекторот на “азурите“, Прандели.
“Трите лава“ од 1996 година го немаат осетено полуфиналниот шмек на едно големо натпреварување. Да ја прекинат негативната традиција, англичаните треба да триумфираат над Италија во 1/4 финалето.
– Импресиониран сум од Италија. Селекторот на италијаните Прандели направи добра, оствари одличен спој на младост и искуство. Мора да ја контролираме играта и да ја чуваме топката во наши нозе, иначе тоа би било лоша ноќ за нас. Статистиката е “гадна“ работа, но таа се менунва со победа не со муабет – дециден беше селекторот на “трите лава“, Хоџсон.
Напаѓачот на “азурите“ Марио Балотели вечерва ќе има посебен мотив бидејќи голем дел од репрезентавците на Англија настапуваат заедно со него во Манчестер Сити. Нападот на Англија се очекува да го предводи херојот од мечот со Украина, Веј Руни.