Европскиот првак Данска со 31-28 го совлада акутелниот светски првак Шпанија. Домаќините понеесни од 14 илјадната публика во распордадената сала “Јуске Банк Боксен“ во Хернинг го фрлија на колена составот на Кадењас.
Мечот го одбележа данскиот голман Ландин кој со неверојатни интервенции ги фрлаше во очај шпанските репрезентативци. Најпрецизен во составот на Вилбек беше Хансен со 6 гола. На спротивната страна најмногу голови постигна Гарсија 5.
– Ландин беше одличен вечерва, тој едноставно брилираше на голот. Се надевам дека ќе се сретнеме уште една со Данците – рече најдобриот стрелец во шпанскиот тим Гарсија.
Во останатиот меч од оваа група Исланд ја совлада Австрија со 33-27.
Резултати : Македонија – Унгарија 25-31, Исланд – Австрија 33-27, Данска – Шпанија 31-28
Табела : Данска 6, Шпанија 4, Исланд 3, Унгарија 3, Македонија 2, Австрија 0 бода
Наредно коло
Понеделник 16.00 Македонија – Исланд, 18.15 Австрија – Шпанија, 20.30 Данска – Унгарија.












