Голманот Никола Митревски, натурализираниот Немања Прибак и пивотменот Никола Марковски се тројцата ракометари кои нема да бидат дел од селекцијата во првата фаза од Европското првенство.

На голманската позиција останаа Борко Ристовски и Петар Ангелов додека на линијата од шест метри покрај Ванчо Димовски и Стојанче Стоилов може да дејствува и братот на Никола, Велко Маркоски.

Паузата на Прибак е морална бидејќи тој во дресот на Србија настапи пред две години, а мора да поминат точно толку за да ги смени боите на селекцијата.

Македонија третото учество на завршница од европскиот крем го започнува во 20:30 часот против домаќинот и стариот должник Данска.

Мх.П.