Домаќинот на Европското првенство во кошарка, го заврши настапот во четвртфиналето. Вечерва во Љубљана Словенија загуби од Франција 62:72.
Франција во полуфиналето ќе се сретне со бранителот на титулата Шпанија која претходно ја демолираше Србија совладувајќи ја со 90:60.
Во четврток на програмата се преостанатите две четвртфинални средби: Хрватска – Украина, Литванија – Италија.
OhridNews