Селекцијата на Франција е вториот полуфиналист после домаќинот на Европското првенство, Данска. За второто место од втората група во главната фаза ќе се борат Хрватска и Полска.

По победите над Русија 33-25 и Шведска 35-25 репрезентациите на Хрватска односно Полска во меѓусебен дуел сами ќе си решаваат која селекцијата ќе му се придружи на Франција.
Резултати : Русија – Хрватска 25-33, Франција – Белорусија 39-30, Полска – Шведска 35-25.
Табела : Франција 8, Хрватска 6, Полска 6, Шведска 4, Белорусија 0, Русија 0.
Мх.П.










