Ракометната селекција на Франција е првиот финалист на Европското првенство во Данска. Во 1/2 финалето французите го совладаа Светскиот прва Шпанија со 30-27.
„Триколорите“ одлично го започнаа мечот контролирајќи го резултатот. Но, пред крајот на првиот дел „фуријата“ успеа да се врати и да поведе и на полувреме замина со предност од + 2 (14-12).
Избраниците на селекторот Клод Онесета во вториот дел ја пресликаа од првиот и повторно го свртеја резултатот во своја корист.
Овој пат „триколорите“ не дозволија Светскиот првак да се врати во игра и се пласираа во третото финале за нив на Европските првенства.
Противник на Франција во големото финале ќе биде победникот од вториотполуфинален дуел меѓу Данска и Хрватска.
Мх.П.











