Селекцијата на Чешка со првата победа на Европското првенство остана во игра за двете позиции кои водат во 1/4 финалето. Чесите на отварањето од втората рунда ја совладаа Грција со 2-1.


Фуриозниот почеток на “црвените“ беше доволен за триумф на четата на Билек. Пирачек во третата и Пилар во шестата ја клекнаа Грција и донесеа водство од 2-0.

На грчките репрезентативците им требеше долго време да се соземат од почетниот шок. На стартот од вториот дел напаѓачот Гекас го намали резултатот. До крајот на мечот “плаво белите“ немаа сила да направат нешто повеќе и да го избегнат првиот пораз на Европското првенство.


Чешка ги прокнижи првите бодови во Групата А додека Грција остана на оној еден од ремиот на против Полска.

Мх.П.