Германската селекција не успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата откако претрпе минимален пораз во одлучувачкиот натпревар со Шпанија. Но, домашните навивачи многу повеќе се загрижија по крајот на мечот кога Дирк Новицки ја соопшти одлуката дека се повлекува од активното играње за националната селекција.
Публиката во „Мерцедес Бенз“ арената громогласно го поздрави германскиот крал кој скршен од емоциите заплака на микрофонот.
Овогодинешното Европско првенство беше последно и за капитенот на Македонија, Владо Илиевски кој се прости од репрезентацијата.
Ohridnews












