По доставувањето на составите на сите селектори до УЕФА од Европската куќа на фудбалот веднаш извлекоа статистички податоци за репрезентациите.

Хрватска и Германија ќе бидат највисоките репрезентации на првенството, репрезентативците на овие две селекции во просек се високи 185 сантиметри. Највисок играч на Еуро 2012 ќе биде шведскиот голман Андрес Исаксон, тој е висок 199 сантиметри.

Најискусна репрезентација во Полска и Украина ќе биде Холандија, репрезентативците на оваа земја, во просек имаат по 42 настапи за националниот тим, а ги предводи Рафаел Ван дер Варт со 94 настапи.

Најнеискусни репрезентации, според бројот на настапите во националниот тим имаат Франција и Полска, играчите на овие селекции во просек по 21 пат играле за државниот тим.

Голманот на Шпанија, Икер Касиљас со 129 натпревари е фудбалерот со најмногу настапи за репрезентацијата од сите играчи кои ќе бидат дел од Еуро 2012.

Италија, Русија, Ирска и Шведска ги имаат највозрасните репрезентации на континенталниот шампионат, во просек играчите на овие селекции имаат по 28 години. Најмлада репрезентација во просек е Германија.

Највозрасен фудбалер на шампионатот ќе биде 37-годишниот грчки голман Костас Салкиас, додека најмлад е холандскиот дефанзивец, 18-годишниот Јетро Вилемс. Доколку Вилемс одигра некоја средба, тој ќе стане најмладиот играч во историјата на ЕП, рекордот го држи Енцо Шифо, која на ЕП за Белгија играл со 18 години и 115 дена.