Кој друг ако не Кристијано Роналдо ќе биде во фокусот во европскиот фудбал. Фудбалерот на Јувентус за ново место на насловните страни се погрижи со четирите погодоци во триумфот (5-1) на Португалија против Литванија во рамките од клалификациите за ЕП.

Роналдо, гол шоуто го започна во 7-та минута со гол од белата точка. Домашниот состав успеа да изедначи и да се врати во игра. Најдобриот португалски фудбалер водството го врати во 62-та минута а го дуплираше три минути подоцна. „Покерот“, Роналдо го комплетираше во 76-та минута за предност од 4-1. „Петардата“ ја заокружи Вилијам Карваљо со погодокот од 90-та минута.

Резултати:

Група А: Англија – Косово 5-2, Црна Гора – Чешка 0-3

Група Б: Литванија – Португалија 1-5, Луксембург – Србија 1-3

Група Х: Албанија – Исланд 4-2, Франција – Андора 3-0, Молдавија – Турција 0-4

OhridNews