Селекцијата на Германија изненадувачки стигна до златниот медал на Европското првенство во Полска совладувајќи ја Шпанија во финалето со 24-17 (10-6).
Младите голобради момчиња предводени од исландскиот стратег Дадур Сигурдсон од клупата одиграа маестрален натпревар особено во одбраната фрлајќи ги во сенка Агинагалде, Ентрериос, Томас, Ривера.
Во првите десет минути шпанците речиси и да не го видоа голот постигнувајќи само два погодоци, а на семафарот стоеше 6-2 за германците.
Одбраната на „панцирите“ на чело со голманот Волф не попуштате во ниту еден момент, а нападот со сигурни и лесни голови го чуваше водството.
Шпанците иако загубија нема за што да жалат бидејќи направија се на мечот со разиграните германци кои ја освоија втората титулата на Европските првенства.
Мх.П.