ЕП: Градоначалникот на претрес, Надал : Шпанците се најјаки ! !
12.06.08 07:44
Обезбедувањето во австрискиот град Салцбург крајно сериозно си ја сфати својата задача за време на ЕП 2008, а тоа најдобро на своја кожа го почувствува градоначалникот на овој град Хајнц Шаден. Додека со велосипед одел кон својата канцеларија, градскиот татко на Салцбург ја поминал навивачката зона, поради што морал да помине низ детален преглед како и сите други навивачи. Шаден без никакви проблеми дозволи да го претресат, по што си продолжи по својот пат.
Австриската пиварница „Отакрингер“, која е сместена во престолнината Виена, на уникатен начин реши да ги награди фудбалерите што ќе постигнат гол за Австрија на ЕП, кое се одржува во оваа земја, како и во Швајцарија. Стрелците на головите за Австријците од „Отакрингер“ ќе добијат бесплатна достава на пиво до крајот на нивните животи.
– Се надевам дека ова ќе биде одличен мотив за нашите фудбалери за да изборат поволен резултат на претстојните натпревари со Полска и со Германија – изјави Сиги Менц, газдата на „Отакрингер“. Австрија во 1. коло несреќно загуби со 0-1 во дуелот со Хрватска.
Најдобриот шпански тенеисер и четворократен победник на Роланд Гарос, Рафаел Надал, убеден е дека Шпанија ќе стане европски првак.
– Екипата изгледа одлично. Тие имаат голема шанса да го освојат еврото, дуи би рекол дека се поголеми фаворити од мене на Вимболдон -изјавил за BBC Надал.
ГРК Охрид двата натпревари од 3 коло од ЕХФ Европскиот Куп против литванскиот тим Драгунас Клаипеда ќе ги одигра дома Натпреварите се закажани за 21 и 22 ноември, со почеток од 18 часот во салата ...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на МРК Куманово Не очекува натпревар против млада и незгодна екипа на Куманово, која особено на домашен терен...
Oдиграни првите натпревари од турнирот „Ohrid freed” 2026 кој се одржува во рамки на одбележувањето на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид во организација на ЈП „Билјанини Извори“ Ту...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.