Најдобриот стрелец на Европското првенство со шест голови, Ентони Гризман се закити со уште една награда откако го понесе епитетот најкорисен играч.


На крилата негови „триколорите“ стигнаа во финалето каде претрпеа минимален пораз (1-0) од Португалија во продолженијата.

УЕФА исто така го објави и идеалниот тим од Европското првенство каде за прв пат учестуваа 24 репрезентации.

Најмногу репрезентативци во тимот од ЕП има од шампионот Португалија вкупно четири, три свои преставници има Германија и по два Франција и дебитантот на континенталните собири, Велс.

Идеалниот тим:

Голман: Руи Патрисио (Португалија)

Одбрана: Џошуа Кимих (Германија), Жером Боатенг (Германија), Пепе (Португалија, Рафаел Героро (Португалија)

Среден ред: Тони Крос (Германија), Џо Ален (Велс), Арон Ремси (Велс), Дмитри Пајет (Франција)

Напад: Ентони Гризман (Франција), Кристијано Роналдо (Португалија)

OhridNews