Македонската ракометна репрезентација со редуциран играчки кадар и без селекторот Раул Гонзалес ги започна подготовките за Европското првенство кое од 12 до 28 јануари ќе се одржува во Хрватска.
„Црвено жолтите“ во групата Ц ќе се судрат со бранителот на трофејот на ЕП, Германија, селекцијата на Словенија и Црна Гора која е со најслаб квалитет од четирите репрезентации.
– Првичните реакции беа дека групата е лесна, но кога добро ќе се погледнат ривалите тоа воопшто не е така. Европските собири се поквалитетни од светските, бидејќи има повеќе квалитет и селекциите играат на високо ниво од самиот почеток. Имаме сили, имаме квалитет, но повторно ќе напоменам дека ќе биде многу тешко. Ќе мора добро да се подготвиме и со ладни глави да отпатуваме во Хрватска. – изјави пивотменот, Стојанче Стоилов.
Левото крило на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески најдобрата ракометна селекцијата ја гледа во втората фаза која е и првична цел на континетналниот собир.
– Се познаваме многу добро со словенците и со црногорците и во тие мечеви ја гледам нашата шанса. Нема да биде лесно со двете селекции, а нема да се предаме ниту со Германија. Имаме доволно искуство од вакви натпреварување и се надевам ќе го искористиме тоа на правилен начин. – истакна Ојлески.
Најдобрата ракометна репрезентација Европското го започнува со дуелот против Словенија 13 јануари, два подоцна ќе се сретне со Црна Гора, а мечевите ги завршува со Германија на 17 јануари.
OhridNews