Амбициите на македонската кошаркарска репрезентација за пласман во нокаут фазата на Евробаскетот претрпе голем удар откако „црвено жолтите“ загубија со високи 90-75 (18-21, 19-27, 18-23, 20-19) од Грузија во четвртата рунда од групната фаза.
Избраниците на селекторот Марјан Србиновски одиграа далеку под своите можности и победата на Грузија која и ги отвора вратите за втората фаза е чиста како солза.
„Црвено жолтите“ имаа повремени блесоци во играта кога успеаваа да ја намалат негативата на противникот на пет поени, но останаа недокажни во клучните моменти кога се кршеше резултатот.
За пласман во втората фаза од ЕП во последната рунда на Македонија и треба победа над Словенија и пораз на Грузија во дуелот со хрватите.
Мх.П.












