Селекцијата на Грузија претрпе неочекуван пораз 73-72 од репрезентација на Холандија на стартот од мечевите во групата Ц каде се наоѓа и Македонија.
Две од четирите четвртини завршија со нерешен исход, а за победникот одлучи втората која „лалињата“ ја добија со десет поени разлика, а последната ја изгубија со девет за вкупни 73-72.
Со 22 поени најефикасен во составот на Холандија беше Чарлон Клоф, а во противничкиот табор 16 кошеви реализираше Заза Пачулија.
„Лалињата“ се вториот ривал на Македонија која за половина час го игра првиот меч на ЕП против јужниот сосед.
Мх.П.












