Селекциите на Холандија и Украина го одиграа највозбудливиот и најефикасниот натпревар до сега на Европското првенство, кое се игра во 11 градови ширум стариот континент. „Лалињата“ со гол во финишот стигнаа до победа 3-2, иако претходно прокоцкаа предност од 2-0.

Во првите 45 минути мрежите мируваа, но шансите имаше на двете страни. Херој беше украинскиот голман Ѓорѓи Бушан, кој одбрани неколку добри ситуации на домаќините.

Натпреварот се „отвори“ во второто полувреме. Рано, во 52-та минута капитенот на Холандија Жеоржињо Вајналдум погоди од втор обид и го отвори резултатот. Украинците се уште не беа соземени, а „лалилањата“ преку Ваут Вегорст зголеми на 2-0, во 58-та минута.

После вториот погодок на Холандија, Украина се освести, ја згази топката и почна да играат на половината од противникот. Во период од четири миниту, од 75-та до 79-та минута, украинците изедначија на 2-2. Андриј Јармоленко со ремек дело намали на 2-1, а Роман Јамерчук донесе егал. Жестоките напади на Холандија во финишот вродија со плод, Дензел Дамфрис во 86-та минута со глава ја погоди украинска мрежа и го врати водството на холанѓаните, кои овој пат го задржаа до крај.

Во групата Ц, претходно, Австрија со 3-1 ја совлада Македонија.

OhridNews