Во вториот натпревар од Групата Б ќе се сретнат ранетата Холандија и Германија. “Лалињата“ (не)очекувано претрпеа пораз во првиот натпревар од Данска додека “панцирите“ триумфираа над Португалија.

Еден од главните фаворити за освојување на европската круна Холандија е на работ на бездната. Селекторот на Холандија, Ван Марвијк ги повикува фудбалерите на разумна и смирена игра која може да донесе поволен резултат.

– Ривалството помеѓу овие две селекции е големо. Очекувам дека ова ќе биде најдобриот меч во последните 20-30 години. Амтмосферата е напната после поразот од Данска но ние сме најдобри во такви околности – потенцираше Берт ван Марвијк.

Домаќин на мега пресметката помеѓу Холандија и Германија ќе биде стадионот на Металист, Каркив.

Мх.П.