Англиската фудбалска репрезентација со победа ги отвори мечевите на Европското првенство, победувајќи ја Хрватска со минимални 1-0 (0-0) на „Вембли“ стадионот во Лондон.

Светскиот вицепрвак Хрватска тотално разочара, наспроти Англија, која уште од стартот тргна кон противничкиот гол и на крајот погоди еднаш, што беше доволно за победа.

Првата шанса на англичаните му припадна преку Фил Фоден кој биеше во стативата. Втората ја имаше Калвин Филипс, овој пат хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ добро реагираше. Англичаните продолжија со офанзивната игра, но до крајот не успеа да создадат 100% шанса за погодок.

Наградата за храбрата и бескомпромисна игра за „гордиот албион“ стигна во 55-та. Филипс издржа неколку дуели и ја протна топката до Рахим Стерлинг кој од прва шутираше и го матираше Ливаковиќ.

Шест минути после водечкиот погодок, Англија, имаше шанса да стави точка на натпреварот, но Хари Кејн промаши од непосредна близина и не успеа да го дуплира водството.

Хрватите иако се разиграа не беа конкретни, завршувајќи сите напади без директен обид кон противничкиот гол. Најблизу беше Анте Ребиќ, кој биеше покрај голот. Во финишот „коцкастите“ нападнаа со сите расположливи средства, но не успеаја да погодат и да избегнат пораз.

Англија во втората рунда од групната фаза силите ќе ги одмери со Шкотска, додека Хрватска ќе се судри со Чешка.

OhridNews