Репрезентацијата на Хрватска направи голем чекор кон обезбедување на пласман на континеталниот шампионат во Полска и Украина наредната година. “Коцекстите“ на гостувањето во Истанбул ја завршија целата работа, откако со 3-0 ја совладаа селекцијата на Турција. Олиќ, Манџукиќ и Чорлука беа стрелци во триумфот за Хрватска.


Без победник 0-0 заврши првиот меч одигран во Зеница меѓу Бих и Португалија. 

Значајна предност од 2-0 има Чешка по првиот меч над Црна Гора. Стрелци головите беа Пилар по еден час игра и Сивок во финишот на мечот.


Естонија беше прелесен залак за Ирска која со покер ги почести домаќините. Андрјус, Волтерс и на два пати Кин погодија за “детелините“.

М.П.