Селекцијата на Хрватска со неочекуван пораз од Грузија 71-58 ги заврши мечевите во групната фаза од Евробаскетот. Поразот не ја загрози втората позиција на табелата која во осминафиналето им ја донесе чешката репрезентација.
Кошаркарите на „коцкастите“ кои се домаќини на Ц групата беа исвиркани од домашната публика која негодуваше за играта и пристапот.
Лут на кошаркарите беше и селекторот Велимир Перасовиќ кој најави дека ќе има сериозни промени и разговори во пресрет на осминафиналниот дуел.
Со одигрувањето на денешните мечеви се комплетираа натпреварите по групи по што се познати патниците, а и двојките во осмифиналето.
Резултати :
Група А : Финска – Полска 65-78, Бих – Русија 61-81, Израел – Франција 61-86.
Табела : Франција 10, Израел 8, Полска 8, Финска 8, Русија 6, БиХ 6.
Група Б : Србија – Италија 101-82, Германија – Шпанија 76-77, Турција – Исланд (21ч).
Табела : Србија 10, Шпанија 8, Италија 8, Германија 7, Турција 6, Исланд 4.
Група Ц : Словенија – Македонија 62-51, Грузија – Хрватска 71-58, Грција – Холандија 68-65.
Табела : Грција 10, Хрватска 8, Словенија 8, Грузија 7, Македонија 6, Холандија 6.
Група Д : Украина – Белгија 71-79, Латвија – Естонија 75-64, Чешка – Литванија 81-85.
Табела : Литванија 9, Латвија 8, Чешка 8, Белгија 8, Естонија 6, Украина 6.
Осмина финале :
12 септември : (1) Франција – Турција, (2) Латвија – Словенија, (3) Шпанија – Полска, Грција – Белгија
13 септември : (5) Србија – Финска, (6) Хрватска – Чешка, (7) Израел – Италија, (8) Литванија – Грузија.
Четврт финале :
15 септември : (9) победник 1 – победник 2, (10) победник 3 – победник 4
16 септември : (11) победник 5 – победник 6, победник 7 – победник 8.
Полуфинале :
17 септември : победник (9) – победник (10)
18 септември : победник (11) – победник (12)
20 септември : финале и меч за трето место.
Мх.П.












