Ждрепката секогаш носи интересни и возбудливи наптревари. Судбината во ждрепката за ЕП во Полска и Украина сакаше повторно на мегдан да се најдат Хрватска – Турција кои одиграа инфракт меч во 1/4 финалето од ЕП во Швацарија и Австрија 2008 година.

На “Пратер“ стадинот во Австрија, Турција ја совлада Хрватска по изведувањето на пеналите и обезбеди пласман во 1/2 финалето во кое се сретна со Германија. “Коцкастите“ со погодокот на Класниќ во 119-та минута беа блиску до 1/2 финалето. Сонот на Хрватска за пласман понатаму ги скрши Шентурк во последната минута од натпреварот. Пенал рулетот му се насмевна на Турција победувајќи со 3-1. 

Пулените на Сафет Сушиќ имаат можност за прв пат да заиграат на Европско првенство. Во баражот за противник му падна стариот должник Португалија. Овие две репрезентации одиграа баража за Светското првенство во Јужна Африка, Португалија со севкупен резултат од 3-0 се пласираше понатаму. Помина само една година повторно на мегдан се БиХ и Португалија, дали ќе е втора среќа за “плавите“ или “селесао“ предводена од Кристијано Роналдо, Нани и другите ќе заиграат на ЕП.


Двојки:

Турција – Хрватска
БиХ – Португалија
Црна Гора  – Чешка
Естонија – Р. Ирска

Првите мечеви се на 11 ноември додека реваншите се пет дена подоцна односно 16 ноември, ждрепката за групите на ЕП во Полска и Украина е на 4 декември оваа година.

 Мх.П.