Новиот селектор во македонската репрезентација, Раул Гонзалес Гутиерез го одржаа првиот тренинг во пресрет двомечот со селекцијата на Исланд во квалификациите за Европското првенство во Хрватска.
„Црвено жолтите“ првиот меч ќе го одиграа во Скопје на 4 мај, додека за три дена ги очекува натпреварот во Рејкјавик.
– Ни престојат два исклучително тешки натпревари. Сакаме со победа да ја израдуваме македонска јавност и затоа добро и напорно се подготвуваме. Позитивните вибрации во селекцијата ми даваат желба која моментално е многу голема кај мене. Сите сме насочени кон Исланд и како што напоменав очекувам два тешки мечеви. Главна ѕвезда на исланѓаните им е Арон Палмарсон и мора на него целосно се фокусираме и да го затвориме да се ги разигра останатите соиграчи. – изјави Раул Гонзалес Гутиерез.
На првиот трениг шпанскиот стручњак кој работи и во Вардар ги престави своите помошници во селекцијата. „Десна рака“ на Раул Гонзалес ќе му биде Роберто Гарсија Парондо, додека тренер на голманите е Александар Царчев.
Македонија по два одиграни мечеви во групата има победа и пораз кои ги сместува на втората позиција на табелата.
Фото:Гол.мк
OhridNews