После триесет одиграни натпревари во Полска и Украина, вечерва со финалниот дуел Италија – Шпанија ќе се спушти завесета на 14-то Европско првенство.


Шпанија во финалето против Италија ќе го брани трофејот освоен пред четири години на ЕП во Австрија и Швајцарија. “Црвената фурија“ во финалето ја совлада Германија минимално со 1-0.


Италија на титулата од Европско првенство чека уште од 1968 година. Најблиску до втората титула “азурите“ беа во 2000 година кога беа совладани во финалето од Франција со златен гол.


Овие две селекции се сретнаа во групната фаза, натпреварот заврши без победник 1-1, но тоа беше во група. Финалето е сосема друга приказна….

Мх.П.