Репрезентацијата на Италија со 2-0 ја совлада Шпанија и ја симна од европскиот врв. Победата на “аѕурите“ значеше крај на една фудбалска филозофија која владеше во Европа и светот во последните шест години. 

Италија која како аутсајдер допатува на турнирот комплетно ја надигра “фуријата“ која по овој пораз ќе мора да претпри играчки ремнот. Италијаните се радуваат на победа и елиниација на Шпанија по двата последователни порази во Виена (2008) и Киев (2012).

Дефанзивецот Кјелини го отвори резултатот по несигурната интервенција на Де Хеа во 33 минута. “Аѕурите“ продолжија во нивни претпознатлив стил да доминираат во мечот, а ударите на Едер и Инсиње ги скроти шпанската „13“. На спортивната страна најдобриот голман од минатата декада Џиџи Буфон “парираше“ на шутовите на Иниеста и Лукас.

Точка на победата стави Пеле во судиското надополнување по додавањето на Дармиан. 

По елимицијата на европскиот правак, Италија во сабота 21.00 ќе игра против светскиот првак Германија.

ohridnews