Германската канцеларка Ангела Меркел ќе допатува во Гдањск во живо да го проследи четвртфиналниот дуел помеѓу Германија и Грција.

Канцеларката се надева на возбудлив и коректен двобој – велат од нејзината канцеларија.

Меркел е голем фан на германската репрезентација и на минатото ЕП во Австрија и Швајцарија во живо следеше два меча. Играчот за врска во германскиот соства Сами Кедира за нејзината посета рече : “Пријатно е да се биде во нејзино друштво, тоа ни дава екстра мотив“

Канцеларката директно од Рим ќе допатува во Полска, по средбата со италијанскиот и шпанскиот премиер, на која се очекува да учествува и претседателот на Франција.

Ohridnews