Македонската фудбалска репрезентација до 21 година со пораз од Португалија (4-2) ги заврши настапите на Европското првенство во Полска.

„Црвено жолтите“ скапо ја продадоа кожата со „европските бразилци“ иако изгубија со четири голови примени. Победата од 4-2 не се покажа доволна за пласман во 1/2 финалето за португалците, бидејќи потребен им беше триумф со три голови разлика.

Португалците имаа водство 2-0, а Барди со маестрален погодок намали на 2-1. Одново нашиот противник обезбеди предност од два голови овој пат 3-1, но Кире Маркоски влезе од клупата и го постигна вториот гол за 3-2. Во финишот Португалија реализираше уште еден погодок за конечни 4-2.

Дебитанскиот настап на големите натпреварувања избраниците на Благоја Милевски го завршија со еден бод и рамо до рамо со Србија. Пласман во полуфиналето од нашата група обезбеди Шпанија која заврши со стопроцентен успех по три мечеви.

OhridNews