Фудбалерот кој пред четири години полу-професионално се занимаваше со спорт, фудбалерот кој првиот трансфер надвор од својата земја го направи на 28 години и беше препродаден по само шест месеци, напаѓачот кој во 18 меча за Свонси во Премиер лигата не постигна ниту еден погодок, неговото име е Едер и тој е херојот на Португалија на Европското првенство што се одржа во Франција.


Робусниот напаѓач во 109-та минута по додавањето од Жоао Мутињо се ослободи од Кошчиелни, биеше од голема далечина и погоди и го реши финалето и си обезбеди место меѓу легендите на португалскиот фудбал како Еузебио, Фиго, Руи Коста, Роналдо и многу други.


За успехот на Едер големи заслуги одат на сметка од селекторот Фернандо Сантош кој во 79-та минута од натпреварот го повлече потегот на финалето ставајќи го во игра „златното момче“ на местото од Ренато Санчез.


Херојот пак, го фали капитенот на „селесао“, Кристијано Роналдо кој пред влегувањето во игра му дошепнал „Ќе го решиш финалето“.


Така и бидна, соништата на Роналдо и горе наведените легенди на португалскиот фудбал во реалност ги претвори никој друг туку Едер !


Напаѓачот минатата полусезона ја помина во Лил, а така ќе биде и оваа откако Свонси одлучи целосно да му го отстапи фудбалерот на Лил, но секако пред почетокот на Европското првенство.

Михаил Постоловски