Иако допатуваа како репрезентација со најслаб рејтинг, Австрија воопшто не е селекција за потценување. Македонија и е стар должник и тие добро го знаат тоа. На подготовките за ЕП, ги совладаа Германија и Русија, а на стартот ја демолираа Чешка со 30-20, што зборува за добро темпираната форма на селекторот Јоханенсон.

Најдобра одлика на играта на австријците е колективот. Со 59 постигнати гола се наоѓаат на петтата позиција на ЕП по бројот на постигнати голови, а со 42 асистенци се на втората позиција зад Данска во оваа категорија. На мечот со Данска дури 12 ракометари се запишаа во листата на стрелци.

Многу работи во составот на Јохансон се вртат околу капитенот Виктор Шилаги, кој е најдобар стрелец со 10 гола како и најдобар додавач со 9 асситенции. По 9 гола постигнаа десниот бек Роланд Шилингер и левото крило Роберт Вебер.

Прв избор на голот е Никола Мариновиќ, кој имаше 14 успешни интервенции на мечот со Чешка, вкупно 22 на досегашниот дел од шамшионатот. Австриската одбрана со 11 блокирани удари се наоѓа на третото место во оваа категорија.

– Пред шампионатот реков дека шансите на мечевите со Македонија и Чешка ни се 50-50. Мечот со Македонија е од голема важност за двете селекции, затоа што може да биде последниот на овој шампионат. – смета селекторот Јоханенсон.

ohridnews