Како се доближува времето на почетокот од Европското првенство, така расте конкуренција во селекциите на пријателските средби. Но тест дуелите пред големите натпреварувања можат да бидат фатални за репрезентативците.

Така и се покажа, поради повреда од составот на Англија отпадна Френк Лампард. 33-годишниот фудбалер на Челси, имаше брилијатна сезона во дресот на “сините“ но повредата на бутниот мускул го оддалечи од ЕП. Лампард му се придружи на “везистот“ Бери во листата на повредени.

И селекцијата на Франција не остана имун на повредите, на пријателскиот натпревар со Србија повредата заработи надежниот М`вила. “Триколорите“ славеа над Србија со 2-0, но победа ќе ја платат скапо ако М`вила не заигра во Полска и Украина.


Походот во одбраната на трофејот, Шпанија ќе го започне без напаѓачот Давид Виља и дефанзивецот Карлес Пујол.

Мх.П.