Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров извиси во изборот на ЕХФ за идеалниот тим на Европското првенство во Полска.


На десната бековската позиција каде игра Лазаров се најде репрезентативецот на Шведска, Јохан Јакобсон.

Покрај Швеѓанецот во идеалниот тим место има уште за крилата Штрлек и Рајхман, бековите Сагосен и Јурецки, пивотменот Агинагалде и голманот Волф.


За најкорисен играч на турнирот е прогласен Раул Ентрериос од Шпанија, а најдобар дефанзивец Молигард од Данска.

OhridNews