Македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Филип Миркуловски се водечки во две категории по првите два дена од ЕП во Данска. “Бум-бум“ Кире вообичаено ја предводи листата на стрелци со 19 постигнати гола.  После него следуваат Валур Сигурдсон(Исланд) со 14 гола и Павел Хорак (Чешка) со 12.

Миркуловски со 12 успешни додавања ја предводи листата на асистенти. Зад него се Микел Хансен, Томас Могенсен (Данска), Хорхе Македа (Шпанија) и Виктор Шилаги (Австрија) со по 9 успешни додавања.

По двата дена најдобар голман е чуварот на мрежата на Норвешка Магнус Дал со 49% успешни интервенции.

ohridnews