Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го поддржа Стојанче Стоилов кој не ја реализираше шанста за победа на десет секунди од крајот на мечот со Германија. Хајнефетер го запре ударот на пивотменот кој лавовски цели 60 минути се бореше на линијата од шесте метри.

– На секого може да му се случи да промаши, затоа сите треба да го поддржиме Столе. Тој е голем човек со срце како планина, а сами гледате како се бори најжешкото место на теренот. Бодот не е толку големо колку што е играта и желбата против селекцијата која е носител на златен медал од последниот евро-шампионат. Борко беше добар на голот, Пешевски и Попоски на ниво кои покажаа дека можат да се носат со националниот дрес. Сите се надополнуваме еден со еден и затоа се ваквите резултати со голема надеж дека ќе бидат уште поголеми. – изјави капитенот.

Лазаров постигна пет голови на мечот, а Стоилов застана на три погодоци. Македонија во главната фаза пренесува три бодови со големи шанси за пласман во ТОП 4 на стариот континент.

OhridNews