По поразот од Исланд, Бранислав Ангеловски ја отвори душата и прокоментира за натурализирањата, за случувањата и атмосферата во селекцијата.

– Додека сум јас селектор, Ангеловски нема да игра за Македонија. Тој нема да биде дел од тимот што утре ќе и се спротивстави на Шпанија, а за понатаму воопшто нема да сметам на него. Во демократското општество, секој има право да го искаже своето мислење, тоа е право кое не може никому да се одземе. Но, со оглед на тоа што и покрај сѐ што кажа после вчерашниот меч, Ангеловски не покажа доблест утринава да проба да поразговара со мене на оваа тема, поради што дојдов до одлуката за негово неповикување додека сум на клупата на македонската селекција – рече селекторот Обрван.
Дуелот со Светскиот првак е последен за македонската селекција на Европското првенство во Данска, а почетокот е закажан во 16:00 часот.
Извор „Мкд.мк“
Мх.П.










