Стрелецот на првиот гол на Европското првенство, Роберт Левандовски се избори за место во историјата. Членот на полската репрезентација е осмиот фудбалер кој постигнал погодок во градот кај што е роден. Благодарение на голот од Левандовски во 17-та минута Полска има предноста од 1-0 по првите 45 минути.


Место во историјата има и за фудбалерот на грчката репрезентација Папастопулос. Репрезентативецот на Грција заработи два жолти картони за само девет минути, а по вториот главниот арбитар Веласко му го покажа патот кон соблекувалните.


Мх.П.