Селекцијата на Литванија е противник на Шпанија во големото финале на Европското првенство во кошарка.
Литванските кошаркари за пласман во мечот злато вреден ја совлада репрезентација на Србија со 67-64 во драматичен финиш.
„Орлите“ во досегашните натпревари од ЕП немаа ниту еден пораз, а првиот дојде во крајно незгоден момент на прагот од финалето.
Литванците речиси целиот натпревар имаа предност, во клучните акции имаа повеќе среќа од своите противници, а и желба за победа.
Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ имаа напад на два поени негатива, но брзоплетоста на Богдановиќ им ги отвори широко вратите на литванците за влез во финалето.
Мх.П.












