Два погодоци 12-10 предност има македонската ракометна репрезентација на полувремето против Австрија во последниот натпревар од групата А.

Предводникот на „фалангата“ е „министерот за одбрана“ Борко Ристовски, кој единаесет пати успешно интервенираше во првиот дел.

Во третиот натпревар конечно проработе нападот и дури седум ракометари се запишаа во листата на стрелци.

Мх.П.