Фудбалски 1-1 е билансот меѓу Македонија и Чешка на големите ракометни натпреварувања. Чешка и го нанесе на Македонија најтешкиот пораз на мечевите одиграни на ЕП. На шампионатот во 1998 година во Италија, Чешка со 38-18 ја совлада Македонија.
Својата шанса за реванш Македонија ја искористи на ЕП 2012 година во Србија кога ги совладавме Чесите со 27-21.
Мечот против Чешка на овој шампионат е да се биде или не. Победа ја отвара вратата за главната фаза, пораз ги чекира билетите за Скопје.
Ohridnews











